„Евакyaција“ на медицинските сестри, останатите кај и да е ќе „согорат“

Четириесет медицински сестри за неполна година си заминале од Клиничкиот Центар во Скопје, покажуваат податоците на Самостоен Синдикат на Клинички Центар. Состојбата е слична и во ГОБ „Осми Септември“ и во старата градска болница во Скопје „Св. Наум Охридски“, објави „ТВ 24“.

Се работи за сестри докажани во својата професија, со долг стаж и работно искуство и неретко на одговорни места на клиниките, како одделенски медицински сестри и сестри кои водат одредени софистицирани дијагностички процедури, за кои е тешко да се најде соодветна замена, вели Јулија Јовановска од Самостониот синдикат на Клинички.

Според здруженијата, најголем дел од медицинските сестри заминуваат за да работат во странство, а тоа силно се одразува врз оние кои остануваат. Лошите услови и зголемениот обем на работа што останува на нивниот грб неизбежно резултираат со „cиндpoмот на согopyвање“ – ака. „burnout“, односно состојба на емотивна, физичка и ментална исцрпеност, но и цинизам кон професијата, предизвикани од хронична преработеност, неисполнетост и немање поддршка во работата. Оваа појава посебно ја погодува медицинската професија, дури и во развиените земји. Проблемот во македонските клиники посебно доаѓа до израз за време на летните дежурства, бидејќи ниту еден стандард на одделенијата, особено околу бројот на медицински сестри, не е во согласност со пропишаните од СЗО, вели Гордана Бешлиева од Здружението на медицински сестри „За нас“.

Сепак, според здравствените власти, состојбите во последниве две години се подобрени. Прилогот погледнете го на „Телевизија 24“.

 

- Реклама -