Europe House Veles го слави својот прв роденден

Europe House Veles деновиве го слави својот прв роденден и по тој повод на први јули во 20:00 часот во просториите на Europe House најавува интересни содржини.

„Пред една година заедно создадовме простор каде младите можат да формираат влијателни идеи и да соработуваат за реални промени во своето општество. Низ изминатиот период, тоа катче влијаеше на многумина и дефинитивно ја промени околината со многу иницијативи. Од денес, по повод нашиот роденден сме дел и од #WaterWiseEU кампањата и цел ни е да подигнеме свест за важноста на зачувување на водните ресурси и нивното одржливо користење“ , порачуваат од Europe House Veles.

- Реклама -