На оваа фотографија е прикажана споредба. Целата вода на Земјата, собрана во мала сфера, и целата вода на Еуропа, месечината на Јупитер, собрана во малку поголема сфера.
Врз основа на податоци собрани од Galileo сателитот на NASA астрономите мислат дека глобалните океани под мразот на Еуропа најверојатно содржат 2 до 3 пати повеќе вода од океаните на Земјата. Не 2 до 3 пати пропорционално туку 2 до 3 пати поголем волумен. Таа „мала“ месечина содржи голема количина H2O а тоа значи, според научниците, значително поголема шанса за подржување живот.
Сликата потсетува на изјава која Мајкл Шара, куратор во Оделениот за Астрофизика од Американскиот Природонаучен Музеј, ја направил во однос на Еуропа минатиот ноември: „Ако можеме да најдеме начин за испраќање на сонда низ мразот – мраз кој би можел да биде дебел стотици метри, што значително би го отежнало подвигот – ако успееме да создадеме сонда која ќе создаде канал со топење на дел од мразот и која потоа ќе испрати мала подморница, кој знае што би нашле под мразот. Би било фасцинантно да се види. Мислам дека немаме избор, мора да провериме.“ [There’s more water on Jupiter’s moon Europa than there is on Earth]