ЕУ ќе забрани извоз на оружје за Венецуела

Велика Британија е најголемиот снабдувач на Венецуела со оружје, а Европската Унија се подготвува да стави крај на сето тоа, додека уште е во процес т.н. „брегзит“.

Извор од Унијата за европските медиуми потврдил дека во фаза на подготовка е воведување на ембарго на оружје кон Венецуела, како и дополнителни санкции во врска со политичката криза во државата.

Се разгледува и можноста да се воведе забрана за патување и замрзнување на средствата на венецуелските дипломати.

Шпанските дипломати веќе одамна се заложуваат за санкции од ЕУ кон Мадуро и неговите следбеници, а во однос на тоа, ЕУ е со поделено мислење.

Прочитајте и:  ЕУ поделена околу одлуката на Бајден за напади длабоко во Русија, се стравува од нуклеарна војна
- Реклама -