Малите белешки треба да ни служат за олеснување кога купуваме и користиме некои производи .
Многупати се случува откако сме купиле нова облека, да се колебаме дали да ја пуштиме во машината, или да ја однесеме на хемиско чистење. Наместо да ризикуваме да го оштетиме текстилот, подобро е да ги прочитаме упатствата на етикетата.
Во голем број случаи, сепак „шифрираните” информации врз нив се неразбирливи. Еве го значењето на симболите за одржување на облеката.
Инструкции за перење
1. Можете да перете во машина за перење.
2. Мора да ја наместите машината на програма за нормално перење.
3. Максималната температура на која што можете да ја перете облеката. На некои етикети наместо температурата се прикажани точки – колку е поголем бројот, толку пожешка може да биде водата во машината. Пример една точка одговара на перење до 30 ° C, а четири – на перење до 60 ° C.
4. Кај овој знак не се препорачува да ја перете облеката. Во повеќето случаи симболот е придружуван со знак за хемиско чистење.
5. Текстилот е погоден само за рачно перење.
Упатства за хемиско чистење
1. Облеката не смее да се пере во машина за перење, а истата треба да ја однесете на хемиско чистење.
2. При хемиско чистење може да се употребат сите потребни препарати.
3. Материјалот на облеката може да се чисти со перхлоретилен, R11, R113.
4. Материјалот на облеката може да се чисти со керосан, R113.
5. Облеката не дозволува хемиско чистење.
Упатства за белење
1. Можете да ја избелите облеката со средства за избелување.
2. Можете да ги користите за избелување средствата кои содржат хлор.
3. При потреба од белење побарајте производи без хлор.
4. Овој симбол ве предупредува дека не се препорачува белење.
Упатства за пеглање
1. Симболот ви покажува дека можете да ја пеглате облеката како на пареа, така и на суво.
2. Облеката е изработена од ткаенина која овозможува да ја пеглате на температура до 110 ° C (пр. акрилик, најлон).
3. Температурата на пеглање може да биде до 150 ° C (на пр полиестер, волна)
4. Не се препорачува да ја пеглате облеката.
5. Ако ја пеглате облеката со пареа, ризикувате да ја оштетите. Но суво пеглање, при означена температура е можно.
Упатства за сушење
1. Можете да ја ставите облеката да се суши на сонце.
2. За да се исуши, ставете ја облеката на рамна, хоризонтална површина.
3. Поставете ја облеката без да ја притиснете однапред.
4. Облеката може да се стави да се исуши на јаже или стап, како надвор така и внатре во некоја просторија.
5. Можете да ја исушите облеката и со фен.
6. Доколку применувате сушење на облеката со фен, температурата треба да е пониска.
7. Ако сушите облека со фен, температурата може да биде висока.
8. Не смее да сушите алиштата во машината за сушење алишта.
Симболите на чевлите
Материјал од кој се направени чевлите
1. Кожа
2. Импрегнација кожа
3. Природен или синтетички текстил
4. Други материјали (на пример вештачка кожа, дрво, плута) Основни составни елементи
5. Предната страна на чевелот
6. нерамномерност во чевелот и поставата
7. стапала