Ештон Кучер: Не можам да ги убедам луѓето дека не сум глупав

Актерот Ештон Кучер е главна тема во новиот број на американското издание на магазинот „Elle“. Популарниот актер открива многу за својот живот, а се пожалил и на тоа што многумина го сметаат за глупав.

„Луѓето многу брзо донесуваат заклучок за некого. Мислат дека ако глумиш глупав карактер, дека навистина си таков и во реалниот живот. Јас не можам да го контролирам тоа, ниту, пак,  се трудам да им го објаснувам на луѓето спротивното. Има нешто корисно во тоа луѓето да ти ја потценуваат интелигенцијата, а пред сѐ ти откриваат некои работи. Претпоставуваат дека не знаеш за што зборуваат, но всушност ти разбираш сѐ“, искрено признал Ештон.

84b5644f-003d-4d5c-b5d8-44c03b63bc32_elle-ashton-kutcher-de

Во врска со гласините дека ја изневерува девојката Мила Кунис, тој истакнал дека тој дел од животот сака да го задржи само за себе.

„Ќе направам сѐ што е во моја моќ својот љубовен живот да го задржам за себе“, рекол Ештон.

- Реклама -