Ретко која девојка не ги обожава здолништата со должина до или малку под колената, особено широките и со шарени дезени.
Тие ја истакнуваат исклучително добро женската силуета и елеганција, што ги вбројува меѓу фаворитите во многу гардероби од женскиот свет. Материјалите од кои се изработуваат, се исклучително различни и интересни. За жал кај нас овој тип здолништа се уште не се многу популарни, иако интересот за нив расте постојано. Ова ги прави потешки за откривање по продавниците и значително атрактивни кога ќе излезете на улица со нив. Сепак не е тешко да го пронајдете својот модел, под услов да сакате и да вложите малку повеќе напор и подолг шопинг.
Интересно е дека многу од моделите се изработуваат од различен тип ткаенини за завеси и дамаски, кои се исклучително погодни за целта и нудат огромен спектар на бои, отпечатоци и дезени.
Таканаречените здолништа – школка, можат да се комбинираат успешно со многу голем дел од облеката во плакарот. Во зависност од сезоната, во кој ја носиме, може да ја преклопиме подеднакво добро како со маица, така и со кошула, обична блуза или џемпер. Високите потпетици не се задолжителни, но придонесуваат за издолжување на силуета и за елеганцијата на заедничката визија.