Спектакуларна ерупција од шарени цветни ливчиња обоија едно мало село во Коста Рика.
Станува збор за рекламната кампања на SONY за најновите 4K Ultra HD серија телевизори, за чии потреби беа собрани 8.000.000 природни ливчиња, односно 3.5 тони. Креативниот тим со помош на специјални ефекти и машини, создаде вистинска цветна вулканска ерупција, чие шаренило ги восхити и израдува локалните жители.
Бројката од 8.000.000 ливчиња го симболизира бројот на пиксели со кои располага новата серија телевизори.