Ерупцијата на вулканот Kilauea на Хаваите создаде облак од чад и пепел висок скоро 10.000 метри, соопштуваат официјалните лица.
Жителите во областите југозападно од вулканот беа предупредени дека ветерот може да го однесе пепелот во нивен правец.
Мајк Поланд, експерт од американскиот Геолошки институт, вели дека на вулканот продолжуваат да се случуваат помали експлозивни ерупции на пепел.
Скоро 50 згради и десетина куќи се уништени од почетокот на ерупциите на 3 мај.