Се работи за вообичаена ерупција на брегот на островот Puāukiʻi на Хаваи, снимена од Меѓународната вселенска станица (ISS; т.е. МВС).
Вака гледано, изгледа дека ерупцијата ги растерала облаците. Тоа е сосема можно – кревањето на жешкиот гас да предизвика надолно движење на студениот воздух во радиус околу вулканот.
Исто така, кога би го набљудувале облаков од земја, од непосредна близина на вулканот, облакот се движи многу брзо. Но вака гледан од вселената, изгледа статично. Од друга страна, можеби и најинтересниот дел од видеото е тоа што доловува колку брзо орбитира/се движи Меѓународната вселенска станица.