Еротските билборди се смртоносни

Американски психолози од Универзитетот „Вандербилд” и Универзитетот Јеил откриле синдром кој го добил името „слепило на емоционална база“. Според истражувањето  доколку на  маж му биде прикажана слика од еротски или крвав карактер, тој  за една петтина од секундата ја губи својата способност да перцепира и да обработува нова визуелна информација.

6e42c89cb6a45700aeca562381108995

Фактички еротските слики предизвикуваат слепило! За да го објаснат механизмот, научниците сугерираат да го замислиме нашиот мозок како шише во кое има  информации. Еротските слики, а исто така и сцените на насилство го блокираат грлото на оваа шише, што резултира така што следната информација не може да навлезе  преку него.

IMG_1523

Прес секретарот на Brake (Британската организација „За безбедност на патиштата”) предупредува: Ако во видното поле на возачот „улета“ билборд со еротска или агресивно-крвава реклама, тој за момент може да  ја изгуби својата способност да ги забележува другите автомобили и пешаците. Организацијата повикува сексуалната реклама да биде забранета покрај најпрометните патишта во сообраќајот.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

20130614.nascpzlqej

 

- Реклама -