Еротски соновник: Откриете го значењето на „влажните“ соништа

Сигурно досега барем неколку пати ви се случило да сонувате некакви „врели“ љубовни сцени за кои откако сте се разбудиле сте се чувствувале збунето и загрижено, не знаејќи како да ги протолкувате. Еве што велат експертите за нивното значење:

Секс со шефот

Доколку вашиот претпоставен ја има главната улога во вашиот „влажен“ сон, на некој начин ова говори за вашата привлечност кон моќта. Способноста, вештините и стабилноста која на некој начин ве восхитува кај него влегла во вашата потсвест, која се одразила и во вашиот сон.

Секс со поранешниот

Не бидете вознемирени, бидејќи ова е еден од најчестите „секс-парнери“ во соништата на луѓето. Сепак, експертите кои ја истражувале темава ја толкуваат оваа појава како симбол на одредени квалитети или недостатоци кои сте ги поврзале со поранешниот партнер.

Доколку „поранешниот“ бил неискрен кон вас, сфатете го ова како порака дека и во сегашноста се потпирате на погрешни луѓе. Доколку пак сте во нова врска, можно е одредени карактеристики да ги поистоветувате со минатата, или пак да чувствувате страв од новиот почеток.

Секс со странец

Сон кој остава голем впечаток поради мистериозноста и авантурата која ви недостига понекогаш и во реалниот живот. Непознатите лица од соништата се обично карактери кои го отсликуваат вашиот. Со други зборови, странецот од вашите соништа сте всушност- вие.

Експертите велат дека причините за ваквите соништа се скриени во големите успеси и храбрите чекори кои сакате да ги превземете во секојдневниот живот.

community-gillian-jacobs-alison-brie_628

Секс со лице од ист пол

Вакви соништа имаат многу луѓе, кои најчесто кога ќе се присетат на нив панично започнуваат да се сомневаат во сопствената сексуална ориентација. Но, ваквите соништа не мора да значат навистина ништо такво.

Ваквите соништа откриваат дека вие сте самоуверена личност која нема страв од различното и непознатото, ниту пак „пати“ од некакви предрасуди.

Секс со познати лица

Брет Пит, Џорџ Клуни, Џони Деп, се сигурно мажите кои најчесто „играле улога“ при женските секс-соништа. Експертите велат дека сексот со познато лице говори за вас дека копнеете за партнер кој сите ќе го посакуваат, кој поседува слава и богатство и ќе ви помогне во напредокот во реалниот живот.

Секс со пријател на вашиот партнер

Будењето после ваков сон е прилично збунивачко. Но, не плашете се, бидејќи не е ништо страшно. Ова може да значи дека одредена особина на пријателот на вашиот партнер вистински ве воодушевува, и дека посакувате да ја поседувате истата вие, или пак вашиот партнер.

- Реклама -