За разлика од нас кои ја облековме единствената разголена скулптура лоцирана во Скопје, светот со културолошки и стилски погледи и познавања не се плаши да ги прикаже сексуалноста и голотијата како визуелно уживање и израз на уметноста.
Еротската уметност ја подразбира секоја уметничка творба која има за цел да предизвика еротска возбуда, безразлика дали станува збор за слики, цртежи, скулптури, фотографии, музика или текст.
Оваа уметност отсекогаш ги окупирала нашите сетила, а за вистинските љубители претставуваме неколку разголени скулптури низ светот.
Loveland
Во јужна Кореја се лоцирани неколку споменици со име Love land кои претставуваат еротски парк со околу 140 скулптури што презентураат луѓе во различни сексуални пози. Отворен е во 2004 година и изобилува со разно разни soft-core сувенири, фотографии, играчки и ТВ панели.
Музеј на секс во Шангај
Ви претставуваме само дел од колекцијата секси минијатурни скулптури од Музејот на секс во Шангај. Овој еротско уметнички музеј е основан од страна на поранешен професор по социологија на Шангајскиот универзите.
Во музејот можете да разгледате 10 мали изложби од кои секоја е насочена кон различен аспект на сексуалноста.
Dominique Régnier
Dominique Régnier е француски уметник роден во 1951 година, кој стекнал популарност благодарение на неверојатно реалистичните женски скулптури. Кариерата ја започнал како сликар, додека подоцна се посветил на скулптурите, откако наполнил 25 години.
Еротски музеј во Париз
Основан во 1997 година овој музеј е посветен на еротските збирки во уметноста. Колекциите се движат од древната религиозна уметност на Индија, Јапонија, Африка, па се до современата уметност со еротски фокус.
Ботаничка градина
Секси скулптури во Мизури, во Северна Америка.
Уште неколку скулптури по наш избор: