Улогата на Марти Мекфлај, во сега веќе култниот филм „Враќање во иднината“, на почетокот му била дадена на Ерик Столц. Но, по некое време, откако продукцијата започнала да се соочува со проблеми, била донесена одлука актерот да биде променет… а сѐ останато е историја.

{youtube}_wudNasQbv0{/youtube}
И покрај фактот што Ерик Столц е одличен актер кој секогаш игра комплексни и невообичаени улоги, комичниот тајминг едноставно не бил соодветен за потребите на „Враќање во иднината“. Кога се чинело оти целиот проект ќе пропадне, на негово место беше повикан Мајкл Џеј Фокс, со неговиот детинест шарм и понатаму веќе сѐ ви е познато.
Денес, сите љубители на научната фантастика можат да го гледаат црвенокосиот Столц во драмата „Каприка“, која е своевидоно претпродолжение на култната Battlestar Galactica. Во неа, го игра Даниел Грејстон, еден од директните виновници за создавањето на Сајлонците. Ако се наоѓате во групата луѓе што фантазираат за иднината и далечните светови, тогаш најтопло ви ја препорачуваме „Каприка“.