Турција оди сé побрзо кон исламизација на општеството. Последно во низата промени во таа насока е предлогот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган неверството да стане кривично дело.
Тој вели дека било погрешно тоа што ја одложувал таа одлука уште од 2004 година (поради притисокот од ЕУ).
„Сметам дека е право време да расправаме по тоа прашање, со оглед на тоа дека нашето општество сега има поинаков морален став“, истакнува Ердоган.
Во 2004-та Турција се откажа од настојувањата да го забрани неверството бидејќи тоа се бараше од нив во иницијалните преговори за нејзино членство во ЕУ. Тогаш Брисел ѝ порача на земјата дека криминализација на прељубата би ѝ ги затворила вратите за членство, па Ердоган и неговите истомисленици се откажаа од таквите намери.
Што се однесува во рамки на Турција, за криминализација на прељубата се расправа веќе со децении. До 1996 година таков закон имаше, но Уставниот суд го укина бидејќи повеќе ги погодувал мажите отколку жените. Турските мажи почесто го кршеа законот за прељуба и покрај тоа што самиот закон беше поставен со нееднаков третман кон половите: за жените да се сметаат за прељубници беше доволно само еден чин на неверство, а мажите се сметаа за неверни само ако имаа долга врска надвор од рамките на бракот.