Ердоган: Израел е терористичка ционистичка организација

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Израел е „терористичка ционистичка организација“, која, како што наведе, го изврши најбруталниот геноцид во минатиот век во Газа.

„Не се сомневајте во тоа, Израел е ционистичка терористичка организација. Израел е извршител на геноцидот во Газа, но ова злосторство беше извршено со силна поддршка на западните земји и администрациите“, рече Ердоган на партиски состанок.

Според него, оние кои јавно зборуваат за прекин на огнот и умереност, продолжуваат „зад сцената да му обезбедуваат на Израел секаков вид оружје, муниција и разузнавачка поддршка“.

Прочитајте и:  Техеран ги предупреди заливските земји на „соодветен одговор“ ако дозволат напади врз Иран од нивна територија или воздушен простор
- Реклама -