Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска им додели медал на македонските спасувачи кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од катастрофалниот земјотрес што се случи на почетокот на февруари во Кахраманмараш и Хатај.
Во Националниот конгресен и културен центар во Бештепе, турскиот највисок државен медал за пожртвуваност во име на државата го прими заменик директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зулфиќар Зејнулаи.
На церемонијата на доделувањето на медалот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасијевски.
Ердоган, пред присутните во салата, се заблагодари и им се придружи на локалните и странските тимови за потрага и спасување, кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од земјотресите во Кахраманмараш и Хатај.
Во потрагата и спасувањето по катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција, покрај републичките сили на Дирекцијата за заштита и спасување, учествуваа и припадници на Армијата.
Извор: МИА
Фото: Дирекција за заштита и спасување