Во преполна сала во хотелот Александар Палас, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност организираше конференција за годишната програма и сработените проекти. Пред присутните се обрати директорот Марко Ѓорѓиевски и со задоволство констатираше за добрите резултати од заедничките напори и стремежот кон уште подобро.
Тој истакна дека овие проекти не само што претставуваат академски достигнувања, туку служат и како инспирација за идните подвизи.
„Приоритетите на Еразмус+ се и наши приоритети па оттаму поддржавни бројни еко акции, “Растеме заедно, растеме ЗЕЛЕНО” еко акција во соработка со училишта и градинки, “Акција за чисто Водно“ Иницијатива во партнерство со Асоцијација за е-трговија на МакедонијаиПивараСкопје / Pivara Skopje, Ден на Европа го одбележавме со засадување на садници во паланечкиот регион, а Меѓународниот ден на млади го прославивме со еко проекција на кино, струјата потребна за оваа проекција се произведуваше од вретежи на велосипед.
Од оваа година се учесниците во програмите Еразмус+ и ЕСК имаат можност да го учат македонскиот јазик со помош на Онлајн јазична поддршка (OLS) која ја креираше европската комисија со цел да им се помогне на учесниците во Еразмус+ и Европскиот солидарен корпус да го подобрат своето знаење за јазикот на кој ќе работат, студираат или волонтираат.
Во делот на успешните соработки можам да го споменам семинарот “Зелен Еразмус“ кој го реализиравме со Центарот за развивање на човечки ресурси од Бугарија кој произлезе по потпишаниот меморандум за соработка, како и одличната соработка во текот на изминатата година со Францускиот институт и Француската амбасада кои поддржаа голем број иницијативи преку програмата Еразмус+.
Европската година на вештини ја запошнавме со кик-оф настан а ја продолживме со кампања за поттикнување на развој на вештини која вклучуваше ученици од основни училишта од повеќе региони од државата да посетат успешни компании кои се занимаваат со различни дејности“, потенцираше Марко.
Тој апелираше да се вклучат високо образовните институции бидејќи сега за сега имаат соработка само со Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола.
Настанот беше посетен од наставници, просветни работници, студенти, раководители на институции и професори.
Во текот на конференцијата, учесниците кои се корисници на програмите на Националната агенција претставија дел од проектите што ги реализираа во текот на годината. За време на целиот настан, инспиративните говори и корисните искуства ги поддржаа вмрежувањата што проектите ги иницираа, што во суштина се продолжени активности кои траат со години. Аплаузите од публиката беа силни и долго оддекнуваа во конгресната сала.
Особено силни емоции предизвика говорот на студентката од Турција, што студира во Гостивар, која со голем труд и емоција го прочита говорот, а преведувачот истакна дека ова е одлична можност за децата од спектарот на аутизмот.
Мотивирачки беа и воведните обраќања на советникот за млади на премиерот на Владата, Ѓорѓи Тасев и државниот секретар на Министрество за надворешни работи, Филип Тосевски чија поддршка за младите е активна и постојана. Инспиративен беше говорот на Ана Поп Ризова од скопската гимназија „Орце Николов“ и координаторка на проектот Let’s play a game кој ја освои наградата European Innovative Teaching Award 2023.
Емилија Петковска од тимот за стручно образование при Агенцијата ги претстави достигнувањата годинава. Таа посочи дека пазарот на трудот се менува брзо, а показател за тоа е феноментот на инфлација на вештини.
„Не смееме да бидеме реактивни. Доказ за тоа е развојот на вештачката интелигенција. Компаниите мора да вложуваат во надградба на вештините, доквалификации и преквалификации и на тоа не треба да се гледа како на трошок“, рече таа.
Крајот ги размрда присутните затоа што на говорницата излегоа двајца млади луѓе во име на организацијата Крафт Конект Дубица кои на публиката го претставија проектот за заштита на традицијата во Дојран – Стар начин на ловење риба на многу иновативен начин и со многу емоции во целата приказна. Целта на овој проект е подигање на свеста кај младата популација и локалното население од потребата за зачувување на традицијата и културата на еден народ.