Eнергијата на полната месечина: Народно верување за привлекување пари

Кога е Месечината полна, нејзината енергија се менува и тогаш е најдрагоцена што се однесува до финансиите, според народните верувања.

Месечината е небесно тело, најблику до Земјата и затоа нејзиното влијание врз нас е најсилно. Сите знаеме дека влијае на плимата и осеката, а помислете што му прави на човековиот организам кој содржи 72 проценти вода.

Месечината има најголемо влијание кога е млада или полна. Полната Месечина претставува астролошка опозиција на Сонцето, односно период кога месечината прима најмногу светлина од Сонцето.

devojka-mesec-foto-shutter-1423082074-613959

Тогаш можете да ја видите како блеска на ноќното небо во полн сјај. Таа светлост е чиста енергија. Иако поради својата сила на здравствен план прави дисбаланс и на многумина им носи несоница, за финансиите оваа енергија е драгоцена.

Наједноставен ритуал е да земете паричка, и со неа да мавтате пред Месечината и да си замислите како парите се множат. Потоа, паричката оставете ја да преноќи во паричник, а следниот ден потрошете ја.

Слично на ова, кога месечината е во фаза на намалување, гледајте во Месечината и размислувајте за тоа како вашите проблеми исчезнуваат.

- Реклама -