Секој ден чувствуваме стотици различни емоции, секоја од нив посебна и својствена за физичките и социјалните ситуации во кои се наоѓаме. Според науката, не станува збор за ништо комплексно. Ново истражување докажува дека ние сме способни да чувствуваме санмо 4 основни емоции- радост, тага, страв/изненадување и лутина/гадливост. Сепак, овие 4 основни смоции, лесно се претопуваат во нашите мозоци и создаваат слоевити емоции кои понатаму ни се случуваат. Некои од тие добро познати слоевити емоции произлезени од мешањето на овие 4, се претставени и во т.н. Тркало на емоции чиј креатор е Роберт Платчик.
Психо-аналитичарот Доналд Виникот откри дека нашата прва емоционална акција во животот е реакција односно одговор на мајчинската насмевка. Значи, кога мајката ни се смее и ние и се смееме на неа. Очигледно, среќата и радоста се длабоко врежани во сите нас уште од најраната возраст.
Левиот пре-фронтален кортекс на мозокот е местото каде среќата и оптимизмот се одржуваат “живи”. Со новото истражување откриваме дека среќата и радоста се зголемуваат кога се споделуваат. (Примерот со мајчинската насмевка).
Тука доаѓаме со сигурното тврдење дека среќата е главниот причинител за споделувањето на социјалните медиуми. Слоевитите емоции кои се поврзани со среќата и радоста припаѓаат во мнозинството од емоции претставени во листата која беше дел од студијата на Fractl.
Така според новото истражување е докажано и дека лутината или гадливоста не прават да бидеме повеќе тврдоглави од што сме, стравот не прави да бидеме поочајни и да бараме било каков поим, објект или било која личност на која можеме да се потпреме, а тагата ни помага да се поврземе со луѓето и да чувствуваме емпатија кон другите.
Зошто емоциите се важни во маркетингот?
Што се ни кажува и на што се не учи ова истражување и резултатите од него? Дали како споделувачи на социјалните медиуми и луѓе кои целат кон бизнис пазарот, дознавме нешто ново? Дознавме дека емоциите се критични, можеби и повеќе од што мислевме порано, критични за маркетингот.
Во анализа на IPA dataBANK, која содржела дури 1,400 случаи на изучувања на успешни адвертајзинг кампањи, кампањи со чисто емотивна содржина и оние кампањи со рационална содржина, јасно се гледа и по графиконот дека кампањите со чисто емотивна содржина преовладуваат со дури 31% во однос на 26% и 16%.
Емоцијата е всушност главниот двигател кој ги мотивира клиентите. Токму затоа Абигејл Поснер од Google секогаш не потсетува дека не смееме да ја потцениме важноста на разбирање на науката на емоциите во маркетингот.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk