Приквечерина. Тажно девојче се потпрало на прозорот од својата соба и со нетрпение го чека својот татко да се врати од работа. Кога го здогледа неговиот автомобил, се појави насмевка на нејзиното лице. Истрча во претсобјето да ја отвори вратата, нестрпливо потскокнувајќи. Во ходникот од зградата се слушаат спори и тешки чекори. Многу добро и беше познат тој звук. Штом звукот престана, таа радосно ја отвори вратата!
-Тато, тато се врати! Може ли нешто да те прашам?
-Да слободно, кажи, што е?
-Тато колку заработуваш на час?
-Ќерко, тебе тоа не треба да те интересира. Зошто прашуваш?
-Само сакам да знам. Те молам, кажи ми, колку заработуваш на час?-повторно праша девојчето.
-Добро, ако толку многу те интересира, заработувам 300 денари на час.
-Ох!-воздивна девојчето, се подзамисли и повторно праша:
-Тато, те молам, може ли да ми позајмиш 100 денари?
Таткото збесна: Ако тоа е единствената причина што ме прашуваш, за да ти дадам 100 ден, за да купиш некоја глупа играчка или незнам што, тогаш сместа оди во твојата соба и да размислиш зошто си толку себична. Јас не работам секој ден за твојте глупости!
Девојчето ја наведна главата и тивко се затвори во нејзината соба. Татко седна и како поминуваше времето стануваше се по бесен. Како се осудува да ме прашува такви прашања, само за да добие пари!
Но после некое време, неговиот бес исчезна, се потсмири па повторно размисли: Можеби стварно и требаат 100 денари, она не прашува често за пари. Таткото стана, тивко зачука на вратата и ја отвори.
-Спиеш ли душо?
-Не тато, будна сум.
-Размислував. Можеби бев престрог спрема тебе. Имав тежок и напорен ден и ти се истурив. Еве ти ги 100 денари што ги бараше.
-Фала ти тато – го гушна и истрча на крајот од собата за да ја отвори фиоката од бирото. Извади еден куп ситни пари и започна да ги брои. Кога виде таткото дека она има пари, повторно почна да се лути.
-Зошто ми побара пари, кога веќе имаш?
-Зошто немав доволно, но сега имам! Сега имам 300 денари и сакав да те прашам дали може да купам еден час од твоето време? Те молам, дојди си утре порано од работа. Сакам да вечераме заедно.
Таткото беше скршен. Ја прегрна и ја замоли за прошка!