На денешен ден, 25 јануари, пред 33 години беше родена најголемата македонска и балканска ѕвезда Тоше Проески. Сепак, дека дури и денес, шест години после неговата смрт Тоше се уште живее во срцата на сите Македонци, сведочи и книгата „Ова не е крај“ на авторката Соња Алексоска Неделковска што денес беше промовирана.
„Ова не е крај„ е луксузно издание со 280 страни. Во неа има фотографии од Тоше од неговиот приватен албум, од детството, од првите чекори на снегот, но и од првите настапи, концерти, фотосесии.
На денот кога Тоше требаше да наполни 33 години беше промовиран и спотот за песната „Жао ми е“.
Хуманитарен концерт ќе биде одржан во Крива Паланка, а денеска на неговото вечно почивалиште на Гумење, се собрааа негови блиски пријатели, помлади и повозрасни сограѓани, обожаватели на неговиот лик и дело, да му оддадат почит. Одбележувањето на неговиот роденден, за нив е само уште еден потсетник за хуманоста на Тоше.
Неговата добрина и хуманост по 9-ти пат беше поттик за граѓаните да даруваат крв и да им помагаат на оние на кои им е најмногу потребно.
Тоше Проески е роден на денешен ден пред триесет и три години, а од трагичната смрт во 2007 година, крушевчани како свој незаборав, го чествуваат неговиот роденден.