Eminem деновиве поднесе
документи за развод по само три месеци брак, откако се премажи повторно
за неговата средношколска љубов Ким, во Јануари.
Eminem деновиве поднесе документи за развод по само три месеци брак, откако се премажи повторно за неговата средношколска љубов Ким, во Јануари.
Официјални лица потврдија дека Marshall Bruce Mathers III(вистинското име на Eminem) навистина поднел барање за разделба. Eminem и Ким се разделија за прв пат во 2001 по само 2 години брак.
Може да се каже дека некои од најпотресувачките текстови на раперот беа основани на нивната love-hate врска. Тој за неа ја напиша песната Puke на неговиот Encore албум од 2004-та, опејувајќи ја нејзината фикциона и насилна смрт.
Ким го сретнала Eminem како тинејџерка во Детроит, каде пораснале заедно на патот 8 Милји, а нивната врска започнала во 1989.
Покрај лутите текстови и битките, останува битката околу старателството за нивната ќерка Хејли(10). Ким има уште една ќерка Витни(3), од врска која траеше помеѓу нивните бракови, а истотака се грижи и за нејзината внука Алејна.