По изјавата на Кристина Ковач дека е Емина Јаховиќ лош ментор, и дека нејзините кандидати не напредуваат бидејќи не им се посветува доволно, како и тоа што прави лош избор на песни, притоа мислејќи на Харис Чато, се огласи и Нинослав Продановиќ, менаџерот на Емина кој изјави:
„ Емина многу професионално ја има сфатено улогата на член на жирито на X factor. Уште еднаш таа ја покажа својата преданост и пожртвуваност кон своите кандидати. Ќе продолжни и понатаму максимално да работи со нив и во наредните емисии да бидат уште подобри! Морам да го истакнам и тој факт дека само таа како ментор до сега не загубила ниту еден кандидат и дека сето тоа говори во прилог на тоа дека она што го прави, го прави најдобро!
Како ќе продолжи оваа ВОЈНА НА СУДИИ, останува да видиме следниот вторник.