Доделувањето на британските музички награди трета година по ред го водеше глумецот Џејмс Корден. Најголема причина за славење на 33. по ред доделувања на Brit Awards има Емили Санде, која освои две награди, за најдобар албум и најдобра британска соло изведувачка.
Бен Хауард ја доби наградата за најдобар нов изведувач и за најдобар соло музичар. Синглот на Адел, „Skyfall“ e прогласен за најдобар сингл за 2012, додека Coldplay добија награда за најдобра изведба во живо.
Оваа година по прв пат се додели наградата за најдобар глобален успех, а оваа награда им припадна на дечките од One Direction. Лана Дел Реј ја понесе наградата за најдобар меѓународен успех, а The Black Keys во категоријата бенд.
The Brit Awards 2013: Целосна листа на победници
Најдобар британски нов изведувач
Ben Howard
Најдобар британски женски изведувач
Emeli Sande
Најдобра британска група
Mumford and Sons
Најдобар британски изведувач во живо
Coldplay
Најдобар британски машки изведувач
Ben Howard
Глобален успех
One Direction
Најдобар британски продуцент
Paul Epworth
Најдобар британски сингл
Adele, Skyfall
Специјална награда
War Child
Најдобар интернационален женски изведувач
Lana del Ray
Најдобра интернационална група
The Black Keys
Најдобар интернационален машки изведувач
Frank Ocean
Најдобар британски албум
Emeli Sandé – Our Version Of Events