еМагазин: Кандидати еден куп, субвенции ќе има за „само“ 900 возила

Во предлог законот за измена и дополнување на Законот за возила, кој помина во Собранието, се предвидува за субвенции за замена на старите возила со понови со еколошки стандард од ЕУРО 5 и нагоре, годинава да се одвојат 170 милиони денари, односно околу 2.7 милиони евра.

Со оглед дека министерот Бектеши најави дека субвенциите ќе изнесуваат не повеќе од 3.000 евра, произлегува дека предвидените пари за субвенции ќе бидат доволни за набавка на „само“ 900 понови возила, објави „еМагазин“.

Како што објави претходно порталот, бројот на потенцијални кандидати за субвенции е многу поголем. Од вкупно 466.000 регистрирани возила, заклучно со 2017-та година, дури 269.000 биле произведени пред 2002 година, односно се постари од 18 години. Повеќе прочитајте ТУКА и ТУКА.

 

- Реклама -