Во последните неколку години актерката Ема Вотсон се трансформираше од детска ѕвезда во модна икона. Но, во новото издание на магазинот „GQ“ по повод новиот филм „The Bling Ring“, Ема се појави на насловната страница во фустан сличен на оној каков што носеше Џулија Робертс во филмот „Pretty woman“.
Ема Вотсон на насловната е облечена како нејзиниот лик во филмот, Ники, а притоа провокативно го повлекува фустанот подолу за да ја покаже тетоважата.
Во интервјуто таа изјавила дека за неа било вистинско освежување што имала можност да глуми неморален лик како што е Ники.