Имаше време кога туристи од целиот свет навалуваа во Лас Вегас, пред сé за да ги гледаат трибјут шоуата посветени на „Кралот на рокенролот“. Ние помалку, ама затоа го знаевме Лас Вегас како град на коцката и на лажните Елвиси – таков беше претставен во секој можен филм што го гледавме на ТВ. Вистинскиот Елвис Присли, дури и постхумно, привлекуваше милиони да го посетат Sin City („Градот на гревот“), ги тераше бизнисмените да градат музеи и шоуа посветени на неговата личност и неговите дела. Рандом мажи со стомаци облекуваа облека што личеше на таа на „Кралот“, ставаа перики и бекенбарди и свиреа и пееја негови песни по улиците или венчаваа пијани парови по импровизираните цркви.
Денес нештата се менуваат, а популарноста на Елвис сé повеќе избледува.
Graceland Presents Elvis – веројатно најголемата и најпознатата изложба во Вегас посветена на Кралот, беше затворена во февруари, откако не успеа да привлече посетители во својот музеј, во својата капела за венчавање, ниту пак во својот театар. Уште неколку Елвис-тематски естаблишменти доживеаја пад во посетеноста. Малата посетеност на Viva Elvis Cirque du Soleil доведе до тоа фестивалот да биде откажан по само две години постоење. За споредба, успешните шоуа на Вегас, како Mystere – кое почна во 1996, траеја со декади без никакви проблеми со посетеноста – напротив.
Се разбира, страдаат и имитаторите. Тед Пејн, лажен Елвис со 6-годишно искуство, вели дека бизнисот значително опаднал од пред 6 години, кога тој почнал да се фотографира со туристи (за пари, нели).
„Кога почнував, не станував од кревет ако не можев да заработам барем 150 долари на ден. Сега, ако заработиш 50 долари се смета за супер поминат ден“.
Дури и некои оператори за онлајн игри на среќа го повлекоа Елвис од нивните наслови на игри. На пример, Гала Бинго – еден од најголемите такви онлајн провајдери, сега нема игра со Елвис. За споредба, пред 10 години, Кралот имаше неколку игри брендирани со неговото име.
Падот во популарноста на Елвис веројатно може да се припише на преголемото и претераното присуство што го имаше во Лас Вегас. На крај краева, имаше мнозинство од музеи и галерии посветени на неговиот живот, а и стотици имитатори кои шпартаа по улиците или изведуваа шоуа. Кралот останува светски популарен, ама прекумерното „тупење“ на Лас Вегас со кралот на рокенролот придонесе музичката икона дури и да изгуби дел од шармот и веќе и да им здосади на луѓето.
Самиот град не е за греота, се разбира. Денес го посетуваат заради многу други причини. Покрај коцкањето, туристи доаѓаат и за да присуствуваат на големи настани од типот на Лас Вегас Комик-кон, или заради бројните спортски активности и случувања, како маратоните и велосипедските трки. Ама луѓето што доаѓаа единствено заради Елвис, скоро и да ги нема.