Она што започна минатата година како иницијатива на Твитер заедницата за зголемување на свеста за рециклирање на отпадот во Македонија, продолжува и оваа година со елка од пластични шишиња пред Школка во Градскиот парк во Скопје.
Неделава на неколку пунктови низ Скопје доброволци собираа пластични шишиња за елката која денес ја направија со заеднички труд. Денот беше сончев, убав за дружба и нижење шишиња. Погледнете ги фотографиите кои ги направивме подолу, како и оние кои беа објавени (и се објавуваат во моментов) на хаштагот #елкамк.