Оваа елитна монтажна куќа беше поставена во Њу Џерси, за само еден ден. The Quarry House е дело на архитектката Марина Рубина, во соработка со GMLM Design. Брзото составување, тие го објаснуваат вака:
„Нема потреба да го стандардизирате дизајнот, кога користите стандардни фабрикациски методи.“
Следува видео од поставувањето на куќата:
Проектот е доказ дека монтажните куќи може да се изработат во составни делови, без притоа да се жртвува ниту дел од естетиката. Значаен дел од проектот се фокусира и на одржливоста и ефикасноста на дизајнот. Неконвенционалната структура на носечките елементи креира отворени веранди и соларно засенување, додека благо закосениот кров е специјализиран за „зелени“ инсталации.