Елиша Катберт на насловната на „Максим“

elisha-cuthbert_ff (1)

Елиша Катберт ја доби титулата за најубава телевизиска актерка од читателите на машкиот магазин „Максим“, па по тој повод згодната русокоса ја краси и неговата најнова насловна страница.

30-годишната Елиша, која се прослави со улогата на ќерка на Џек Бауер во серијата „24“, на насловната страница се појави во ретро стил на девојка од 50-те.

Глумицата која глуми и во серијалот „Happy Endings“, во неодамнешно интервју изјави дека не може да поверува дека таа е прогласена за најубаво ТВ лице, бидејќи смета дека многу нејзини колешки кои се дел од популарните серии се поатрактивни од неа.

313564_elisha-cuthbert_ff

- Реклама -