На телевизија започна да се прикажува реалното музичко шоу „Твоето лице звучи познато, каде на стартот се појави македонската пејачка „Елена Ристевска“, во издание какво досега не сме ја виделе.
Македонската секс-бомба облечена во мрежести хулахопки ја пееше поп – фолк песната „Уно моменто“ од Северина.
Елена ги освои симпатиите на сите со својот сексипил, иако нам ни е необично да ја гледаме како се вклопува во поп-фолк жанрот, сметајќи дека повеќе и одговара она што го пееше досега, иако не се снајде лошо во улогата на имитирање заедно со нејзините колеги.
Како ви се допаѓа?
Во продолжение ве потсетуваме на нејзиниот евровизиски настап, што според неколку анкети е најдобриот македонски претставник на Евровизија, низ годините. Нејзиното лице дефинитивно звучи познато.