Eлена Ристеска како Кристина Агилера го отвори шоуто

„Твоето лице звучи познато“ со спектакуларен настап го отвори Елена Ристевска, која минатата недела напорно работела за да успее да зазвучи како Кристина Агилера.

После одличниот настап, Елена не беше задоволна како ја заврши задачата, и посака во некоја од следните имитации за биде маж. Меѓутоа жири комисијата беше воодушевена од нејзиниот настап и истакнаа дека не би менувале ништо.

Тончи дури искоментира дека таа успеала во невозможното – да ја направи Кристина симпатична.

Во коментирање се вмешаа и Иван и Ѓуро, со цел да го изнесат своето мислење на што Тончи низ шега искоментира: „Меѓу овие тројца мажи седи еден Хрват, еден Србин, Ѓуро е Босанец и Словенец, па ние уништивме една држава, не па едно шоу“.

Сепак, Елена ги освои сите и доби само пофалби.

– За разлика од Кристина, Елена покрај себе може да има слаби танчерки, беше еден од коментарите синоќа.

elena-risteska-2-1024x682 elena-risteska-3-1024x682 elena-risteska-4-1024x682

- Реклама -