Веќе една година постојано се зборува за т.н. ” преносна електроника ” или поточно гаџети, кои ги носиме на себеси како нараквици, облека, па дури и самолепливи тетоважи. Оваа најнова технологија спаѓа во оваа категорија наречена електронска шминка.
Иновативниот производ на име Beauty Technology ( буквално ” технологија за убавина” ) е создаден од страна на бразилскиот компјутерски специјалист Катја Вега. Beauty Technology е цела палета козметички производи, кои можат да спроведуваат електрицитет и благодарение на тоа, да управуваат електронски гаџети од далечина. Еден од овие производи на име Blinklifier им овозможува на носителите да вклучуваат и исклучуваат различни уреди, само со со намигнување.
Blinklifier се состои од неколку лажни реда трепки и очна линија со својства на жица. Овие две работи функционираат заедно следејќи го свивањето на мускулите на очните капаци при трепкање. Кога горниот и долниот ред трепки се допрат тие го затвораат електронскиот синџир и испраќаат сигнал за активирање или деактивирање .
Со помош на овој производ Вега успеа да активира посебен додаток во модата со LED диоди, кој модел се носи на глава. Моделот што можете да видите на сликата погоре, избира еден или друг светлосен модел само со трепкање.
Друг производ од серијата Beauty Technology се Beauty Tech Nails – вештачки нокти со вградени RFID тагови или мали магнети покриени со лак. Со тие нокти корисниците можат, на пример, да свират на виртуелно пијано без дури да ги притискаат копчињата на тастатурата.
[youtube]http://youtu.be/6Z1mQMS1l3U[/youtube]
Tекстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk