Најголемиот производител на велосипеди во светот, Specialized, тврди дека го создал најбрзиот електричен велосипед во светот. Иако пазарот на електрични велосипеди е полн со вакви тврдења компанијата има доверба во трите години поминати во развивање на Turbo e-bike.
Она што е впечатливо кај велосипедот е неговата ултра лесна конструкција и тенките но ефикасни гуми. Се работи за велосипед со помошен мотор. Ова значи дека во зависност од тоа колку брзо вие ги вртите педалите, сензорите за темпо испраќаат сигнал до контролерот на велосипедот кој ја приспособува моќноста на моторот. Вие можете да одберете три нивоа на помош преку направата која се наоѓа на рачките.
{youtube}UjbkfVamXcI{/youtube}
Ваквиот дизајн овозможува природен начин на користење за сите велосипедисти и ја избегнува асоцијацијата со мотоцикл. Јан Талавасек, главниот инженер кој работел на дизајнирањето на Turbo e-bike, верува дека овој дизајн има цврста основа во велосипедизмот. Сепак секој дел од конструкцијата бил специјално дизајниран за прототипот пред две години.
Велосипедистите овој април имале шанса да го испробаат велосипедот во 50 продажни места на Specialized во Европа. Но велосипедот би требало да биде пуштен во продажба најдоцна во мај со неверојатната цена од 5500 евра.