Елегантна свеќа што не согорува

Сите сакаат свеќи. Некои ги сметаат за романтични, некои ги сакаат како додатен акцент во домашното осветлување. Од друга страна, справувањето со восокот и постојаното купување не се баш пријатни. Фабијан Герлие можеби го има решението.

ku-xlarge

Направена од синтерирана бронза, ламбата свети без никогаш целосно да изгори. Што всушност е синтерирана бронза? Тоа е еден вид метална пена како онаа од стиропор. Наместо од илјадници мали гранули од пена, таа е составена од илјадници мали ронки од бронза. Тоа што материјалот не е цврст и композитен овозможува гасот од резервоарот да протекува низ свеќата и токму тоа е она што гледаме како гори, а не самата ламба. Дизајнот, пак, е сосема модерен и елегантен.

caviar_table_flame_fabien_gerlier_07

За жал, за да купите една од „Caviar“ ламбите, ќе мора да почекате – тоа е магистерски проект на Герлие во сферата на продукт-дизајн. Но, нема причина да мислиме дека нема наскоро да ја видиме во продукција.

- Реклама -