Овој елегантен стан се наоѓа во Далас, САД и е во сопственост на жена која има развиен афинитет кон дизајнот. За опремувањето на домот таа им се доверила на стручњаците од Laura Lee Clark Interior Design, посакувајќи ентериерот да ја одразува нејзината светла и отворена личност.
Во живеалиштето преовладуваат светлите тонови искомбинирани со различни нијанси на розова боја. Меѓу најважните елементи во домот се интересните лустери со златни пеперутки, од кои секој е изработен рачно.
Да направиме една виртуелна тура низ стилското живеалиште, од кое што струи женственост и убавина.