Elecom ја претстави првата NFC тастатура за Android

Новата TK-FNS040BK безжична тастатура на Elecom се поврзува со електронски направи преку NFC наместо далеку постандардниот Bluetooth, избегнувајќи ја потребата за постојано спарување со гаџетите.

Силна страна на NFC е што системот користи далеку помалку енергија од Bluetooth конекциите, и автоматски се поврзува кога во близина има компатибилна направа. Единствениот проблем е што вашиот телефон мора да остане многу блиску до тастатурата за да се одржи врската.

Проблемот е што за функционирање на системот е апликацијата на Elecom која ќе биде достапна само за одредени Android направи. Ова ограничување можеби ќе спречи значителни продажби но дополнителна пречка би можела да биде и цената од 240 долари. [Elecom releases the world first NFC keyboard for Android devices]

- Реклама -