Приходите на Суецкиот канал се намалени поради влијанието на нападите на Хутите врз бродовите, соопшти египетскиот претседател Абдел Фатах Ел-Сиси.
Говорејќи за ефектите од војната меѓу Израел и Хамас и другите прекугранични несогласувања предизвикани од тој конфликт, Ел-Сиси рече дека Суецкиот канал, кој му носеше на Египет речиси десет милијарди годишно, сега изгуби 40 до 50 отсто во однос на приходите.
Тој додаде дека Египет мора да продолжи да излегува во пресрет на финансиските обврски со „компаниите и партнерите“.
Ел-Сиси за тоа говореше за време на конференцијата со нафтените компании на египетскиот саем за енергетика (EGYPES) 2024 година, што се одржува во Каиро.