Животното кое се родило во зоолошката градина во северната држава Тамаулипас во Мексико претставува редок хибрид на зебра и магаре.
Ова неверојатно видео покажува екстремно ретко животно кое се родило со вкрстување на овие две животни. Тоа е наречено „Khumba“ и тежи 26 килограми.
Ги има сите карактеристики на магаре кога ќе се погледне горниот дел од телото. Но традиционалните линии на зебра можат да се видат на неговите нозе.
Како што пренесува Euronews, мајката на ова животно е женска зебра која се вика „Rayas“ и живее во зоолошката градина.
Таткото на ова животно е магаре со сини очи, кое живее на фарма во близина на зоолошката градина.