Екстремната музика ги прави луѓето позитивни?

Спротивно на популарното мислење, „екстремната музика“ со насилни и груби стихови и тонови, вусшност ве прави посмирени и посреќни.

Во студијата објавена во Frontiers in Human Neuroscience, 39 редовни слушатели на тн. „екстремна“ музика, на возраст од 13-34 години, намерно биле доведени до степен на лутина (преку навраќање на фрустрирачки и иритирачки настани од нивните животи), а потоа им било овозможени 10 минути слушње музика по избор или 10 тишина.

Истражувачите заклучиле дека испитаниците што одбрале да слушаат музика, генерално од областа на хеви-металот или слични жанрови, потполно се смириле и расположиле, омекнале и станале позитивни, и сето тоа во дозволениот период од 10 минути.

heavymetal[1]

Втората цел на студијата била да се види каква музика ќе одберат лутите партиципанти од нивната плејлиста. Се покажало дека половина од избраните песни содржеле тематика на бес и агресија, додека во останатите песни претежно се зборувало за изолација и тага.

Сеедно на која од двете групи припаѓале, партиципантите рекле дека ја искористиле музиката за да си го подобрат степенот на среќа, да се вратат на чувството на љубов и да ја подобрат сопствената благосостојба.

Научниците заклучуваат дека екстремната музика им служи на слушателите како еден вид начин за позитивна саморегулација и дека агресивната и груба музика всушност може да го намали насилството, правејќи ги луѓето позитивни.

113542[1]

- Реклама -