Екстремна плима и осека – преку фотографија

Плимата и осеката се само една од карактеристиките што ја прават нашата планета посебна. Но, не се насекаде исти. Ако сте близу до екваторот, можеби и нема да забележите дека се случува. Од друга страна, на далечниот југ и далечниот север, напливите и повлекувањата на водата можат да бидат прилично екстремни. Во само еден ден, водата може да поплави, а потоа да остави суви, огромни површини земја.

Мајкл Мартен се занимава со плимите и осеките од 2003-тата, овековечувајќи ги со камера, една покрај друга, на идентична локација. Тој го доловува природниот циклус на кој му требаат неколку часа да се комплетира, во само една кратка инстанца. Преку 6 анимирани .gif фотографии, тој го искривува времето и ни ја претставува плимата во ново светло – каде што навистина ќе го разбереме размерот на екстремните повлекувања на водата. Погледнете ги и уверете се во масовните дневни промени на неколку локации низ светот:

seachange2
Crosby, Liverpool
seachange1
Salmon fishery, Solway Firth
seachange3
Worms Head, Glamorgan
seachange4
Perranporth, Cornwall
seachange5
Blackpool, Lancashire
seachange6
Cuckmere Haven, Sussex

 

Повеќе од работата на Мајкл Мартен можете да погледнете тука.

- Реклама -