Eкстра овошна торта

Овошните торти се идеален избор за засладување во топлите денови.
Состојки:

200 г. пишкоти

Крем

400 г. тропско овошје во конзерва

2 банани

2 киви

2 јаболки

200 мл. сок од јаболко

4 кесеички желатин

500 мл. слатка павлака

Подготовка

Исцедете го тропското овошје од сокот во конзервата. Сипете го сокот во сад, додадете 200 мл. сок од јаболка и 200 мл. павлака, а потоа загревајте, додадете разматен желатин, промешајте и оставете да се олади. Сипете го тропското овошје, како и исецканите банани, јаболки и киви и промешајте.  Во друг сад наредете ги пишкотите, потопени во сок од јаболко. Додадете ја претходно направената смеса и ставете ја во фрижидер да се стегне. Преостанатата слатка павлака изматете ја во шлаг, па премачкајте ја и украсете тортата.

- Реклама -