Настрана дали било подобро или полошо од денес, дали било добро само за едните или за сите, дали Тито ѝ помогнал или ја дотепал Македонија… Сите ќе се сложиме за едно. Тогаш децата многу повеќе играа сами – без машина, да бидеме попрецизни.
Наместо Ајфони и Ајпеди, компјутерски видео игри, кабловски канали со 24/7-часовна програма со цртани и YouTube, тогаш имавме многу поедноставни, ама бескрајно забавни игри.
Ако припаѓате на генерациите кои тогаш беа деца или тогаш растеа деца, ве чека носталгично патување.
За почеток, да почнеме од омилената. Ма какви џојстици, какви електроники. Ова се играше на гумено копче. Ги мрдавте прстените со меурчиња! Па има ли покул?
Немаше ролерки што секоја година ги надраснуваш па ти треба поголем број. Имаше ролшуи што се штелуваат и ги облакаш врз патика. Башка цело маало те слуша кога ги возиш.
Учевме да прифаќаме пораз со „Не лути се човече“. Поентата беше баш да се лутиш, за на 30 да не бидеш мочко и да се жалиш на интернет зошто немало дебели барбики.
Домино имаше секоја втора куќа. Имаше и детски варијанти.
Креативност и апстрактно мислење развиваме цртајќи со бодење на кружни пинови во пластична табла со дупчиња. Тоа ти е исто како денес да треба да нацрташ нешто со пиксели. Не е лесно како обично цртање.
Вака учевме геометрија.
Вака сликавме.
Учевме да цениме скулптури со пластелин.
„Пријатели“ не баравме по Фејсбук. Наоѓавме на џамлии, особено ако си нов во маало. Исто како пензионер да отиде на шах на клупи.
Омилениот лик од тогашните цртани – Хи-Мен. И омилениот негативец (Скелетор чинам се викаше).
Женските возеа кукли во вистински бебешки колички.
Ѕидовите страдаа од гумени топчиња што се одбиваат. За да можеш да се занимаваш додека размислуваш околу казната за неизлегување што твоите ти ја доделиле бидејќи им се пожалила наставничката.
Сложувалка не беше активност што го исклучува умот. Тоа проклето празно поле делуваше баш напротив.
Електричен воз – сон на секое дете. Обично ќе ти купеа некоја евтина варијанта што вози во минијатурен круг и ќе ти се расипе за месец. За асален воз (го препознаваш ако има дел во форма на „S“ меѓу пругите) требаше да завршиш од прво до четврто скроз одличен. Или да ти дојдат некои побогати роднини на роденден.
А ова беше нашиот Гугл. Таму ги поставувавме сите прашања, и ги наоѓавме повеќето одговори – „1000 зошто, 1000 затоа“.