Експрес колач

Ако ви се јаде нешто слатко и домашно подготвено за миг, идеално решение е брзниот, чоколаден колач готов за пет минути.

ekspres kolach

Сите состојки веројатно веќе ги имате, па фатете се за подготовка.

Состојки:

4 лажици брашно

2 лажици шеќер

2 лажици какао во прав

1 јајце

3 лажици млеко

лажица масло

екстракт од ванила

лажичка ликер од вишна или чоколадо (по желба)

2 лажици ситно исецкана чоколада (не е задолжително)

Подготовка:

Ставете ги сувите состојки во мал сад (брашно, шеќер, како). Додадете јајце и помешајте. Додадете масло, млеко, екстракт од ванила и по желба ликер. Енергично мешајте додека не добиете компактна смеса. На крајот додадете од чоколадото.

Смесата ставете ја во микробранова три минути на максимална температура. Колачот е готов.

Се служи со кафе и сок.

- Реклама -