Експлозијата во Бејрут била помоќна од земјотрес со магнитуда од 3.3 степени

Како што пишува „Гардијан“, сцените по експлозиите во Бејрут ужасно потсетуваат на сцените по експлозиите во кинескиот пристанишен град Тијанџин во 2015 година, кои исто така се случија во складиште каде беа чувани повеќе опасни запаливи хемикалии, меѓу кои и азот нитрат.

Силата на експлозиите во Тијанџин беше толку голема, што сеизмографите ги детектираа како неколку помали земјотреси.

Според американскиот Центар за сеизмолошки испитувања (USGS), пак, експлозијата во Бејрут била уште помоќна. Нивните податоци велат дека предизвикала сеизмички бранови еквивалентни на оние што би ги предизвикал земјотрес со магнитуда од 3.3 степени.

Сепак магнитудата на експлозијата не може директно да се спореди со земјотрес од иста таква магнитуда, вели геофизичарот Дон Блејкман од USGS.

Тоа е затоа што површинските удари, како експлозијата во Бејрут, не продуцираат толку голема магнитуда како што би предизвикал земјотрес со слична енергија. Причината е што најголем дел од енергијата оди во воздухот и зградите и објектите во радиусот на експлозијата, објаснува Блејкман.

„Недоволно од енергијата се пренесува во камењата во земјата. Што значи, ако експлозијата се случела под површината на земјата, ќе беше регистрирана уште повисока магнитуда“, вели тој.

 

- Реклама -