По враќањето од снимањето, актерката доживеала сообраќајна несреќа.
Анџелина Џоли доживеала сообраќајна несреќа во Лос Анџелес по враќањето дома од снимањето на филмот „Unbronek“ во Беверли Хилс.
Актерката возела црн џип SUV кој зализгал на влажната улица, удрила во тротоарот што предизвикало експлозија на дури две гуми. Анџелина изгубила контрола врз возилото и останала во автомобилот додека новиот транспорт не пристигнал за неа, пишува Daily Mail.
„Автомобилот кој бил возен со голема брзина удрил во работ на тротоарот. Анџелина веројатно мислела дека удрила во друг автомобил. Баш беше одвратно0 гумата експлодирала, но на автомобилот нема никаква голема штета. Не би ме изненадило ако има трајна повреда на вратот“, рекол извор.