Еден човек загина и еден е повреден на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Истанбул при експлозија. Причините за несреќата се уште се разјаснуваат, пренесе Ројтерс повикувајќи се на информации од авиокомпанијата “Пегасус ерлајнс”.
Според најавата на превозникот експлозијата се случила ноќеска, а двете лица кои настрадаа при инцидентот се луѓе кои ја одржувале хигиената на аеродромот.
На местото на инцидентот немало патници.
Работата на аеродромот продолжува по вообичаен ред, додека причината за експлозијата се разјаснува.