Експлодираше Samsung Galaxy S III, повреди 18 годишна девојка!

Не, насловот не е никаква лага. Телефон кој е во состојба да експлодира не е никаква шега. Samsung Galaxy S III го направил токму тоа! Овој телефон експлодира во џебот на панталоните на 18 годишната девојка – Фани Шлатер и како што ќе забележите понатаму низ сликите, направил прилично голема штета не само затоа што целосно вивнал во пламен, туку и затоа што сериозно гo оштетил нејзинoто бедро!

Не, не се работи за ставање на телефонот во микробранова откако истиот е ставен под вода за појак ефект и измама дека ќе експлодира, тука станува збор за вистинска случка. Сеуште не се знае вистинскиот причинител за експлозијата, но она што е потврдено и сигурно е фактот што нејзините панталони морале да бидат исечени за брзо време, со цел да се спречи понатамошна штета на кожата.

Еве ја и официјалната изјава на Samsung Switzerland:
– “Откако веќе успеавме да ја контактираме оваа девојка, со сигурност можеме да потврдиме дека ќе спроведеме истрага со која ќе го расветлиме случајот и она што е останато од телефонот кој наводно експлодирал ќе биде испратено во Кореа за понатамошни анализи” – изјави Мирјам Бергер, портпарол на Samsung Switzerland.

boom-b

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk.

- Реклама -