До скоро, Жан Франсоа Пајнчуд беше само уште еден канадски аниматор кој работеше за едно детско шоу на PBS Kids. Но, преку ноќ, тој веќе две години објавува еротска уметност на социјалните мрежи, под псевдонимот Phazed. Поминува прилично незабележано, сé додека пред неколку недели, Фејсбук решил да му забрани неколку од неговите илустрации одеднаш, проблем кој доби на гласност и резултираше со 45.000 нови фанови на неговите друштвени профили. Цензурата на Фејсбук и те како му појде во прилог.
Вели дека една година студирал програмирање на видео игри, па една година студирал анимација, па уште една година концептуална уметност. Сакал да научи што повеќе, што според него во најголем дел се случува во првата година, без да има аспирација да дипломира на било која од овие студии. Сето тоа знаење резултира во полн ефект откако Жан Франсоа ќе налета на еден Youtube туторијал, во кој се зборува за тоа како се прават анимации со помош на Фотошоп.
За печурките
Не само што му помогнале да ја развие својата уметност, туку му го промениле целиот живот. „Консумирањето на „шрумс“ (халуциногени печурки) ми помогна да ја надминам мојата депресија, моите несигурности и мојата анксиозност“, вели Франсоа. За него, сексот и психоделијата се две прекрасни и инспиративни животни искуства, оттаму и конекцијата што ја прикажува во своите еротски илустрации. „Верувам дека двете – и сексот и психоделијата, можат да ти помогнат да го трансцедентираш своето его и да завириш во почиста состојба на битисување – да живееш во моментот“.